Меси, Роналдо и Рибери во трка за наградата Фудбалер на сезоната

Лео Меси, Кристијано Роналдо и Франк Рибери се на кратката листа на УЕФА за наградата Најдобар фудбалер на сезоната 2012/2013.

Листата која претходно броеше десет фудбалери, сега е скратена на тројца, Меси, Роналдо и Рибери ќе се борат за наградата Најдобар фудбалер на сезоната.

Победникот ќе биде познат на 29. август кога во Монако ќе биде направена и ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Останатите седум фудбалери кои беа во комбинација за оваа награда се: Герет Бејл, Златан Ибрахимовиќ, Роберт Левандовски, Томас Милер, Арјен Робен, Бастиан Швајнштајгер и Робин ван Перси.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -