На вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Јувентус и Евертон фан влета на теренот и изведе пенал, но голманот на ’Карамелите’, Тим Хауард не му дозволи дополнително да се прослави.
Juвентус и Евертон утрово се сретнаа во Сан Франциско во четврт-финалето од Интернационалниот Куп на Шампионите.
Средбата заврши 1-1, па пеналите го решаваа патникот во полу-финалето.
Токму во пенал серијата еден фан се обиде да ги покаже своите фудбалски способности, влета во теренот и го изведе пеналот наместо Квадво Асамоа, но голманот Тим Хауард одбрани без да се помрдне.
[youtube]http://youtu.be/fXiBsN1_GUM[/youtube]
Шутот на вечерта го имаше 19 годишниот дефанзивец на ’Карамелите’, Џон Стоунс кој со ’Паненка’ ја затресе мрежата на ’Старата Дама’.
[youtube]http://youtu.be/ZWOIjAU75zE[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.