
Џастин Робинсон постигна 22 поени за Барселона, Кевин Пантер 18 поени со четири асистенции, а Џоел Пара 19 поени со пет скока. Армони Брукс беше водечки стрелец за Валенсија со 26 поени и 5-9 од линијата за три поени.
Речиси истовремено исто така со тензии во финишот заврши и дуелот во кој Бешикташ го победи Виртус во Болоња со 103:101. Виртус водеше поголемиот дел од натпреварот, но Бешикташ успеа да се врати во последните минути и да ја забележи победата.
Тимот од Болоња имаше водство од +13 на нешто повеќе од три минути до крајот, кога започна серијата на Бешикташ од 13:2 и го донесе натпреварот во неизвесна завршница. На нешто помалку од една минута до крајот, Трент Фрејзер беше безбеден од пенал линијата за +4 (101:97). Подоцна, Лони Вокер постигна три поена, а откако Маркус Кар промаши тројка, Конор Морган постигна +2 за Бешикташ (103:101). На стотинка од секундата до крајот на натпреварот, Виртус се обиде да шутира и да добие поени и продолженија, но Морган ја елиминираше опасноста и го водеше тимот до победа.
Бешикташ до победата го предводеше Лони Вокер со 30 поени, четири скока и пет асистенции, а потоа следуваше Скоти Вилбекин со 16 поени, два скока и три асистенции. Венџен Габриел и Давид Де Џулиус постигнаа двоцифрен број поени со по 11, додека Конор Морган постигна 10 поени. Дерик Алстон Џуниор го предводеше Виртус со 19 поени и четири скока, следен од Трент Фрејзер со 15, додека Вендел Мур Џуниор имаше 13 поени.
Партизан загуби од Жалгирис со 80:87 во Каунас. Домашните речиси целиот натпревар беа во водство, неколкупати и со висока предност, но белградскиот тим со добри серии се враќаше во мечот а во првото полувреме успеа и да поведе, но во завршните делници повторно доживеа пад и Жалгирис се одлепи на двоцифрена предност која „црно-белите“ успеаја да ја стопат во еден момент и на еден посед, но немаа концетрација и да ја загризат победата на домашните.
Кај Жалгирис се истакна Карсен Едвардс со 17 поени. Јонас Валанчунас постигна 16 поени и осум скока, додека Тубелис постигна 11. Никола Танасковиќ беше најефикасен играч за Партизан со 19 поени. Итан Томпсон постигна 15 поени, а Лука Вилдоса постигна 14.
Партизан е на 12 место со четири победи и пет порази, додека Жалгирис е на 10 место со скор 5-4.
Партизан ќе биде домаќин на Макаби во следното коло, а Жалгирис ќе игра против Бешикташ.
Кошаркарите на Ефес го победија Панатинаикос со 83:68, во деветтото коло од Евролигата. Ефес ја контролираше играта од самиот почеток, наметна ритам што им одговара и рутински го приведе натпреварот кон крајот. Тимот од Истанбул славеше во сите четири четвртини и забележа голема победа против лидерот на табелата во Евролигата.
Ефес до победата го предводеше Бруно Фернандо со 15 поени, пет скока и две асистенции, по него следуваше Колин Малколм со ист број поени и шест скока. Двоцифрен број поени постигна и Кем Пејн со 14 поени и осум асистенции, како и Дарио Шариќ, кој оствари дабл-дабл со 11 поени, 12 скока и четири асистенции.
Кендрик Нан се истакна за тимот на Панатинаикос со 17 поени и три скока, по него следуваше Најџел Хејс-Дејвис со 11 поени и пет скока.
Панатинаикос е сè уште на првото место со седум победи и два порази, додека Ефес е на 13-та позиција со скор од 4-5.
Олимпијакос го победи Армани со 84:78 во деветтото коло од Евролигата. Олимпијакос го започна натпреварот подобро и стигна до +6 по првата четвртина, но Армани возврати и го израмни резултатот на полувремето – 44:44.
Третата четвртина му припадна на тимот од Пиреја, достигнувајќи +8 пред почетокот на четвртата четвртина. Армани се обиде да се врати во нерешен резултат и на три минути до крајот, Џејсон Барнел постигна тројка за да го зголеми резултатот на -2 (75:73). Сепак, Олимпијакос успеа да го зголеми своето водство со поените од Кори Џозеф и Мбаје Ндијаје, пред Саша Везенков да погоди од слободни фрлања во самата завршница и да стави крај на натпреварот.
Олимјакос до победата го предводеше Коди Милер-МекИнтајр со 24 поени, три скока и четири асистенции, по што следуваше Саша Везенков со 23 поени, четири скока. Тајсон Ворд исто така постигна двоцифрен број поени – 14 поени, три скока и една асистенција. Никола Милутинов постигна ден скок за пет минути на теренот. За Армани се истакна ЕрЏеј Кол со 17 поени и три асистенции, следен од Мозес Рајт со 16 поени и пет скока, додека Марко Гудуриќ постигна 14 поени.
Олимпијакос го задржа третото место со седум победи и два пораза, додека Армани сè уште има само една победа и осум порази.
Во истиот термин Асвел ја декласираше Басконија со 94:79. Екипата на Тони Паркер создадени двоцифрена предност на почетокот на натпреварот и ја одржуваше предноста во текот на целиот натпревар.
Асвел го предводеа ТиТи Вашингтон со 21 поен, пет скока и четири асистенции, како и Пати Милс со 20 поени и три скока. Кенет Ферид се истакна за Басконија со 17 поени и осум скока.
Асвел е на 14-то место со четири победи и пет порази, додека Басконија е последна со 1-8.
Евролига, 9. коло:
Петок:
Дубаи – Хапоел Тел Авив 97:83
Анадолу Ефес – Панатинаикос 83:68
Жалгирис – Партизан 87:80
Асвел – Басконија 94:79
Олимпијакос – Олимпија Милано 84:78
Барселона – Валенсија 98:94
Виртус Болоња – Бешикташ 101:103
Четврток:
Црвена ѕвезда – Баерн Минхен 103:73
Макаби Тел Авив – Париз 94:99
Реал Мадрид – Фенербахче 95:76



