При секое патување, најстресниот дел е пакувањето. Секогаш постои нешто што забораваме, нешто што е несоодветно спакувано или пак понесуваме премногу багаж.
За да ги избегнете ваквите проблеми, ви пренесуваме 10 едноставни совети за полесно пакување.
Обезбедете ги основните информации
Скенирајте ги пасошот, билетите и сите други документи кои ви се потребни за патувањето и складирајте ги во сандачето од електронската пошта. Иако сте внимателни, понекогаш се случува тие да се изгубат или да ви бидат украдени, па неопходно е да имате начин како да пристапите до нив.
Разделете ги вредните предмети
Никогаш не ги носете парите, кредитните картички и другите предмети на исто место, како на пример во паричникот. Разделете ги во повеќе торби, во мали и незабележителни џепчиња. Дури и ако се соочите со кражба, на овој начин ќе ви биде украден само дел од вредните предмети.
Мали шишенца
Сите неопходни течности (шампони, лосиони и сл.), препакувајте ги во мали пластични шишенца до 100 милилитри. На овој начин не само што ќе заштедите простор, туку ќе можете да поминете полесно на аеродромските терминали.
Пакување во ранец
Кога пакувате ранец, ставете ги полесните предмети најдолу, а најтешките најгоре. На овој начин ќе ви се чини дека ранецот е полесен отколку што навистина е.
Најлонски кеси
Сите нешта (особено течностите и приборот за во тоалет) спакувајте ги посебно во најлонски кеси, за да спречите мешање и уништување на облека, вредни предмети и сл.
Облека
Спакувајте ги само оние алишта кои знаете дека ќе ги носите, а не и оние што мислите дека ќе ви затребаат.
Торба за пелени
Ако патувате со бебе, скријте ги вредните предмети во торбата за пелени, која е последното нешто што може да ви биде украдено, а и секогаш ќе ви биде при рака.
Чевли
Ако носите повеќе од еден пар чевли и сакате облеката да не поприми од мирисот од чевлите, завиткајте ги во стари чорапи и потоа во најлонска кеса што херметички се затвара.
Техника на виткање
Следниот пат кога ќе се пакувате, обидете се да ги виткате алиштата, наместо да ги диплите и ќе заштедите повеќе простор.
Љубители на куфери
Сите кои поседуваат куфер без прегради, треба да знаат дека обично парче картон прави одлична преграда што ќе ги задржи спакуваните предмети на своето место.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.com.mk