Новиот Google Nexus 7 ќе биде претставен во среда

Втората генерација на таблетот Google Nexus 7 најверојатно ќе биде објавен во среда, а денес веќе се појави со неофицијални слики. Претстојниот уред на ASUS беше прикажан во прес слика, како и во принт каталогот на BestBuy.

Nexus 7_1

И двете слики од Nexus 7 ги потврдуваат претходните гласини. Во огласот на BestBuy може да се види резолуцијата на екранот од 1920х1200 пиксели. Исто така, потврдена е цената од 229 евра за верзијата од 16GB.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -