Крис Рејнолдс стана сопственик на 92,2 билијарди долари. За споредба, најбогатиот човек во светот – Мексиканецот Карлос Слим има 1,26 милиони пати помалку богатсво од она на Рејнолдс.
Со слична таква сума американецот од Пенсилванија би можел да го отплати целиот државниот долг на САД.
Рејнолдс се почуствувал како најбогат човек на планетата за многу кратко време. Администраторите на PayPal брзо ја коригирале грешката во системот и ја однеле до цент неправилно заработената сума од сметката на Рејнолдс, пренесоа DailyFinance.com.
56-годишниот Американец сепак го задржал доброто расположение од оваа неверојатна случка и донирал 30 долари за добротворни цели.
Ако билијардата долари не биле “електронски мираж”, Рејнолдс сакал да ги употреби за отплата на долгот на САД, кој изнесува трилиони долари, и за купување на професионалниот безбол клуб Philadelphia Phillies.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk