Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека тие имаат буџет за трансфери од речиси 125 милиони евра.
Вчера Де Лаурентис преку својот твитер профил одговараше на прашања поставувани од фановите.
Меѓудругото, Де Лаурентис се пофали дека Наполи има трансфер буџет на кој може да подзавидат и многу пославни клубови.
„Доколку на тие 64,5 милиони евра од Кавани ги додадеме 60. милиони кои веќе ги имавме одвоено за трансфери, ќе добиеме трансфер буџет од 124,5 милиони евра” – изјави Де Лаурентис.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал