Студентски конкурс Electrolux Design Lab ‘08

design_lab_growwupElectrolux, глобалниот лидер во дизајн и производство на уреди за домаќинство, го лансира шестиот по ред меѓународен натпревар во дизајн на производи, преку порталот www.ElectroluxDesignLab.com. Жирито на Design Lab ќе избере ограничен број на пријавени дела кои ќе се натпреваруваат во финалето во Цирих на 8 и 9 октомври 2008 година.


ДИЗАЈНИРАЈ ЗА

ИНТЕРНЕТ ГЕНЕРАЦИЈАТА

Electrolux, глобалниот лидер во дизајн и производство на уреди за домаќинство, го лансира шестиот по ред меѓународен натпревар во дизајн на производи, преку порталот www.ElectroluxDesignLab.com. Жирито на Design Lab ќе избере ограничен број на пријавени дела кои ќе се натпреваруваат во финалето во Цирих на 8 и 9 октомври 2008 година.

Design Lab 2008 предизвик:

Дизајнирајте уреди за домаќинство за Интернет Генерацијата, пријавување до 30 мај 2008 год.
 

cover-2

За Design Lab

Electrolux Design Lab е основан во 2003 год. Се одржува на годишно ниво и е отворен за студенти од цел свет, кои би сакале да ги повикаме да презентираат иновативни, смели идеи и решенија за уреди за домаќинство.

Досега илјадници студенти имаат учествувано на Design Lab натпреварот на Electrolux, кој кулминира секоја година во друг град на меѓународен прес настан. Предходните настани се случуваа во Париз, Барселона, Стокхолм, Њујорк и Будимпешта.
 

Првата награда на Design Lab 2008 изнесува 5,000 евра и вклучува шестмесечна програма во еден од глобал дизајн центрите на Electrolux. Втората награда е 3,000 евра, а третата 2,000 евра. Меѓународно жири ќе ги оценува пријавените студентски дела на база на интуитивен дизајн, иновација и нивото на задоволување на потребите на интернет генерацијата.
 

Жирито на Design Lab ќе избере ограничен број на пријавени дела кои ќе се натпреваруваат во финалето во Цирих на 8 и 9 октомври 2008 година, каде ќе бидат прогласени победниците на кои ќе им се доделат и наградите. Дозволени се само поединечни проекти и секој поединец смее да се пријави само еднаш во текот на конкурсот.
 

Ова е трет пат откако и студенти од Македонија имаат можност да учествуваат на Design Lab, и рамо до рамо со студентите од светот да ја изразат својата креативност и иновативност. На конкурсите во 2006 и 2007 година се пријавија повеќе студенти, а двајца од нив влегоа во регионалното финале.

design_lab_group

Дизајнирај за интернет генерацијата

Твојата пријава за овогодинешниот конкурс треба да се однесува на скора иднина (две до три години од сега), и на уреди за чување храна, готвење и/или перење (алишта/садови). Пријавите треба да ги одразуваат суштинските интереси на интернет генерацијата, како и нивната грижа за мобилност, време, материјали, персонализација, забaва, технологија и оддржливост.

Интернет генерацијата се млади луѓе, меѓу 25 и 35 години, независни, вработени, постојано во брзање, претпазливи во изборот на брендот. Тие се дел од модерниот стил на живеење и се добро запознаени со технологијата и социјалните онлајн мрежи, а истовремено имаат висока свест за околината.

Следејќи ја филозофијата Electrolux, кои се свесни за навиките, потребите и желбите на потрошувачите: слушајки ги на потрошувачките потреби, преку фокусирање на гласот на потрошувачот. Electrolux создава производи кои се навистина потребни и посакувани. Секој производ што Electrolux го носи на пазарот има своја приказна зад себе, создадена преку истражување и тестирање на потрошувачите. 

Electrolux има специфичен пристап кон осознавањето за неговите потрошувачи: тие спореведуваат истражувања низ целиот свет, прават посети во домовите, слушаат и поставуваат прашања.

Како потрошувачите ги користат нивните производи? Што би им го олеснило животот? Како нивниот начин на живеење се одразува на тоа како тие ги користат своите уреди.
 

Доставување пријави

Дозволени се само поединечни проекти и секој поединец смее да се пријави само еднаш во текот на конкурсот. Пријавите треба да се испратат преку порталот www.ElectroluxDesignLab.com.

Секоја пријава треба да содржи:

    * Целосни информации за контакт на натпреварувачот, вклучувајки и докази за неговиот/нејзиниот моментален статус како додипломски студент,  потврда за статус на редовен студент.
    * Опис на спроведеното истражување; конкретната потреба на потрошувачите на интернет генерацијата; преложеното решение се испраќа во .pdf формат, до 2MB.
    * Детален опис на решението и како тоа го решава идентификуваниот проблем на потрошувачите
    * Скици од развиеното решение, во ниска резолуција
    * Скици во висока резолуција ќе бидат побарани само на оние решенија кои ќе влезат во потесен избор.

 

* Избраните финалисти ќе имаат можност да изработат прототип од своето решение на финалето кое ќе се одржи во Цирих. 

Датуми:

30 мај, 2008: затворање на натпреварот

Крај на јуни, 2008:објавување на финалисти

8 и 9 октомври, 2008: финале во Цирих

Награди: 

Прва награда: 5,000 евра и шестмесечна програма во еден од глобал дизајн центрите на Electrolux

Втора награда: 3,000 евра

Трета награда:  2,000 евра
 
  
 

Критериум за избор

Меѓународно жири ќе ги оценува пријавените студентски дела врз база на интуитивен дизајн, иновација и нивото на задоволување на потребите на интернет генерацијата.

Критериум

    * Пријавите треба да се однесуваат на скора иднина (2 до 3 години од сега).
    * Се однесува на уреди за чување храна, готвење и/или перење (алишта/садови).
    * Пријавата ги одразува суштинските интереси на интернет генерацијата.
    * Храбро, напредно, иновативно решение
    * Базирано на навиките и потребите како дел од животниот стил на потрошувачот.
    * Ги следи вредностите за дизајн на Electrolux: смел, изразит, интуитивен и обмислен.

Дизајнирај за интернет генерацијата
 

Повеќе информации на:

www.ElectroluxDesignLab.com

www.designlab.blog.com.mk

zafirovska@newmoment.com.mk

- Реклама -