Според С.Корен, автор на „Интелигенцијата на кучињата“, постојат три типа на кучешка интелигенција. Откријте кои се најпаметните и воедно „најглупавите“ кучиња на светот.
Според С.Корен, автор на „Интелигенцијата на кучињата“, постојат три типа на кучешка интелигенција:
– адаптивна интелигенција
– инстинктивна интелигенција
– работна/послушна интелигенција
Првите два типа се индивидуалната спецификација на секое куче, додека третиот може да биде применет според расата. Подолу се 10-те најдобри и најлоши раси, мерени според оваа интелигенција.
најинтелигентни кучиња(по редослед):
Овие раси можат да запамтат нови команди со помалку од 5 повторувања. Првите команди ги почитуваат скоро 95% од времето.
1. Бордер Коли
2. Пудлица
3. Германски овчар
4. Златен ретривер
5. Доберман
6. Шкотски овчар
7. Лабрадор ретривер
8. Папилон
9. Ротвајлер
10. Австралиски овчар
најнеинтелигентни кучиња(по редослед):
Кај овие кучиња потребни се повеќе од 80 репетиции за да се разбере нова команда. Послушни се на првата команда само 25% .
1. Авганистански хрт
2. Басењи
3. Булдог
4. Чау Чау
5. Борзои
6. Бладхаунд
7. Пекинезер
8. Мастиф
9. Басет
10. Шин Цу