Места за забава на Халкидики

Често се вели дека грчките острови се вистинската локација за добри забави, додека Халкидики е дестинација повеќе наменета за семејствата. Во најголем дел тоа е точно, што не значи дека не можете да најдете одлични места за забава и на трозабиот полуостров…

Касандра

Во сите поголеми туристички места на полуостровот Касандра (првиот крак), постои по барем еден ноќен клуб, што ви овозможува да излезете и да се забавувате до раните утрински часови секој ден. Исто така, дел од големиот број барови и таверни нудат организирани забави доцна навечер.

1

 

Доколку сте во потрага по дискотеки, тогаш најдобрата опција се оние лоцирани недалку од Калитеја. Но внимавајте, палжите и сместувачките капацитети во Калитеја може да не ги задоволат вашите барања, бидејќи се работи за рибарско село, со пристаниште и карпесто приморје. Наша препорака е да се сместите во Пефкохори (доколку сакате повеќе опции за забава во местото на сместување и релативно мала оддалеченост од комплексот дискотеки) или пак во Полихроно (ако сакате да се сместите во помирно место, но на помалку од 10 километри од најдобрите дискотеки на Халкидики).

Ситонија

halkidiki-festivali-Dance-Xperience-Festival-23

Ситонија важи за помирен дел од Халкидики, но и тоа полека се менува. Секако, во прекрасните мали селца на Ситонија нема да најдете многу ноќни клубови, но затоа баровите ќе ви овозможат добро да си поминете секоја вечер. Од пред неколку лета, токму на Ситонија се организира фестивал на електронската музика, наречен Dance Xperience Festival, кој трае со денови и на чии подиуми се појавуваат некои од најголемите имиња на светската електронска сцена. Доколку сте љубители на ваквиот тип музика, тогаш дестинацијата за вас е Ситонија.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -