Урбани митови за летањето со авион

Од ужасните приказни за авионските тоалети до стравот од отварање на вратата при лет, постојат многу митови кои едноставно не се точни. Денеска ќе разоткриеме неколку од нив.

Авионите го исфрлаат ѓубрето додека летаат

Поради фактот дека многу луѓе веруваат во овој мит, Федералната администрација за авиација во Америка била принудена да објави посебен документ, за да го демантира овој мит.

Електронските уреди можат да предизвикаат несреќа

Доколку не ги исклучите мобилните телефони при полетување, има можност да предизвикате несреќа. Покрај тоа што нема никакви докази за ваквото тврдење, пилотите секогаш во себе носат посебни уреди, кои ги користат во текот на летот.

Храната во авионот е со лош вкус

Многу малку луѓе имаат пријатно сеќавање од вкусна храна, која била сервирана во авион. Но дали навистина храната е со лош вкус, или нешто друго е причината. Според Универзитетот во Манчестер, кој спровел истражување на оваа тематика, се докажало дека виновник за лошиот вкус е константната врева од моторите, која го привлекува вниманието на луѓето и ја променува перцепцијата за вкус.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Може ли да се отвори вратата додека трае летот

Покрај бројните приказни дека многу луѓе се обиделе да ја отворат вратата на авионот додека летал, едноставно тоа не е возможно. Огромната разлика на притисокот внатре и надвор од авионот, го прави овој момент физички невозможен.

Автопилотот го управува авионот, не пилотите

Технологијата денес е толку унапредена, што пилотот може да стисне копче и да ги крене нозете на шофершајбна. Но не е баш така. Автопилотот скоро никогаш не се користи при полетување и слетување. Тој се користи за време на летот, но и тогаш е целосно набљудуван од пилотите и константно корегиран.

Побрзо не фаќа алкохолот додека сме во авион

Истражувањата покажале дека нивото на алкохол во крвта, кај личностите кои пијат за време на летот, не се разликува од нормалните услови. Но алкохолот и различниот притисок во авионот, можат да предизвикаат зголемена дехидрација, а со тоа и интезивен мамурлак, многу поразличен од нормалниот.

- Реклама -