Денови на македонската фотографија

Педесет и првите Денови на македонската фотографија ќе бидат отворени на 16 јули (вторник) во 20 часот, во просториите на Мултимедијалниот центар Мала станица.

Во склоп на манифестацијата Денови на македонската фотографија ќе биде претставена извонредната колекција „Бисери на српската фотографија“, чие отварање ќе биде на 17ти јули во 21 часот во галеријата Остен.

Untitled-18

Колекцијата ја сочинуваат фотографии од архивата на Фото сојузотна Србија собирани од периодот по втората светска војна па сè до 90-те години на минатиот век, односно од таканаречениот златен период на српската/тогашната југословенска фотографија. Период кога фотографијата на овие простори не бешеретроградна, туку, слободно може да се каже авангардна и динамична дури и во светски рамки. Голем дел од фотографиите кои ја сочинуваат оваа колекција навистина можат да се наречат бисери во кои има што да се види, научи, промисли сопствениот фотографски израз…

Прочитајте и:  Урбани трансформации во боја, светлина и динамичност

Галерија на дел од фотографиите од изложбата можете да најдете на сајтот на Фото Сојузот – www.fotosojuz.mk

 

- Реклама -