Елитната Академија на Арсенал за Југоисточна Европа од денес до 14. јули во Струмица ќе одржи тренинг камп за млади фудбалери од Македонија родени помеѓу 1998 и 2004 година.
Во наредните денови на стадионот Младост во Струмица младите македонски но и српски фудбалери ќе можат да го презентираат својот талент пред скаутите на Арсенал.
Кампот ќе трае од денес до 14. јули, а со него ќе раководи главниот скаут на Арсенал за Југоисточна Европа, Лакис Папајоану.
Најталентираните кои ќе бидат избрани, ќе учествуваат во работата на Академијата на Арсенал во Солун, од каде што ќе имаат можност да заминат во Северен Лондон.
Главен организатор на кампот е поранешниот струмички фудбалер, Васко Георгиев кој е најзаслужен и за трансферот на голманот Дејан Илиев од Беласица во Арсенал.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал