Не го слушнавте будилникот, ја извалкавте кошулата додека појадувавте и никако не можете да ги најдете клучевите, а веќе доцните. Се прашувате зошто тоа секогаш мора да ви се случува вам? Ситуациите кои бескрајно ни одат на нерви имаат всушност многу логични објаснувања и не се поврзани со нашата неспособност, тврди Питер Бентли во книгата „Why Sh*t Happens: The Science of a Really Bad Day“.

Кога последен пат ве погодил птичји измет? Оваа незгодна ситуација всушност има голема веројатност да се случи, бидејќи птиците извршуваат нужда на секој еден час. Порано или подоцна, секој од нас ќе има таква незгодна средба со птичји измет на неговата облека, или уште поверојатно на автомобилот.
Доколку сте заборавиле каде сте ги ставиле клучевите, обидете се малку подобро да се концентрирате. Имено, нештата дома ги бараме како без глава и ги губиме кога мозокот ни е истовремено оптоварен со голем број на информации.
За погрешната колона кога се возите со автомобил или погрешниот ред на банка или во продавница се одлучуваме бидејќи колоната ја проценуваме според бројот на луѓе/возила кои веќе чекаат во неа. Меѓутоа, динамиката на редот зависи од фактите на кои најчесто не помислуваме – количината на прозводи на личноста пред нас во продавница, начинот на плаќање, искуството и брзината на продавачката. Кога некои од тие параметри не можеме да ги забележиме со голо око и да ги предвидиме однапред, губиме нерви во редот кој „оди побавно“ и се лутиме заошто ете баш ние сме се нашле во најбавиот можен ред.
Има логично објаснување и зад малите невољи во кујната. На пример, сендвичот по правило секогаш ќе падне на намачканата страна со путер, мармалад или што било друго и ќе направи дополнителен неред во кујната. Имено, висината на масата и големината на парчето леб се во таков сразмер што предизвикуваат полукружни движења на сендвичот кога е во воздух.
Се прашувате како Питер Бентли знае толку многу? Одговорот можете да го најдете во интервјуто со него на сајтот на Popular Science.