Кога сме заљубени, сме среќни и опуштени, што влијае мошне позитивно на нашето здравје.
1. Поради љубовта слабееме
Адреналинот кој се создава во нашето тело кога сме заљубени, го сузбива нашиот апетит.
2. Кога сме заљубени изгледаме помладо
Заљубеноста поттикнува развој на хормонот DHEA, кој се смета за еликсир на младоста, бидејќи влијае на зголемувањето на нивото на бета-ендрофин во мозокот, што допринесува до зголемено либидо, поголема волја за живот, намален стрес, а сиве овие работи допринесуваат до тоа да изгледаме помладо.
3. Заради љубовта живееме подолго
Според истражувањата спроведени на Факултетот во Јута, заљубените на кои љубовта им е возвратена, живеат подолго од осамените. Кога се чувствуваме сакани, расте нашата самодоверба, а со самото тоа се намалуваат шансите да паднеме во депресија.
4. Заради љубовта имаме подобро помнење
Љубовта го зголемува растот на нови ќелии во мозокот, открива едно италијанско истражување, поради кое помниме и најмали ситници кои инаку не би ги сметале за важни.