Внесувањето течности, особено во летните денови, е неопходно за да ги спречиме последиците од дехидрација во текот на горештините. Но, понекогаш ова може да има незгоден резултат – ни се оди по нужда, но во близина нема тоалет. Тогаш почнуваме да „цупкаме“ во место со ногата. Знаете зошто?
Причината за тоа е судирот меѓу потребата за одење во тоалет, кога мозокот реагира како на желба за одредена акција и сознанието дека околностите не се на наша страна и дека не можеме ништо да направиме. Тоа предизвикува низа различни ритмички движења како цупкање, пеење, свиркање и префрлање на тежината од една нога на друга…често и несвесно.
Меѓутоа со ова нема да си олесниме. Смирено и ладнокрвно однесување би ни помогнало да издржиме додека не стигнеме до најблискиот тоалет.