Што се појадува околу светот

pojadokШто појадувавате ова утро? Како што веројатно ви кажала вашата мајка, појадокот е најважниот оброк во денот. Погледнете 10 варијации на првиот оброк во денот од различни места на светот.

Што појадувавате ова утро? Како што веројатно ви кажала вашата мајка, појадокот е најважниот оброк во денот. Погледнете 10 варијации на првиот оброк во денот од различни места на светот.

Huevos Motuleños

1Huervos

Еден од омилените оброци во Мексико се состои од две јајца врз пржена тостада со домати, шунка, гравче, сосови, plátanos maduros, queso fresco.
Platos Típicos

2-El-Salvador

Типичен појадок во Ел Салвадор направен од типични национални состојки: воглавно еден вид на благ тегавец, вид на грав, ориз во сос од кромид и салса.

Марокански таџин

3Moroccan

Мароканскиот таџин, така наречен според садот во кој се подготвува, е еден вид на вариво кое се состои од јагнешко и различни традиционални зачини и сезонски зеленчуци. Она што ќе остане се јаде за појадок и следниот ден.

Фул медамес

4Vava-Bean

Овој традиционален египетски појадок кој потекнува од времето на фараоните вообичаено се јаде со леб во утринските часови. Се состои од еден вид на грав кој бавно се вари и кој на крајот sе сервира со маслиново масло, исецкан магдонос, кромид, лук и сок од лимон.
Кичри

5Khichi

Стандарден Хинду појадок – мешавина од ориз, леќа и зачини. Се приготвува во Пакистан, северна Индија и Бангладеш. Вообичаени додатоци се и пржен модар патлиџан, краставички и јогурт.

Appam

Appam2

Популарни во Шри Ланка и Југозападна Индија, овие палачинки во форма на чинивче се направени од ферментирано оризово брашно и можат да бидат сервирани со зачинет сос или јајце, мед и крем од кокос.

Nattō на ориз со Мисо супа

7Nattou

Овој традиционален јапонски појадок се состои од Nattō (ферментирани зрнца од соја) на ориз, заедно со мисо супа и зелен чај.
Nasi Lemak

8Nasi

Ова познато малезиско национално јадење во неговата форма за појадок се состои од ориз, краставичка, печени кикирики, тврдо варено јајце и самбал (зачинет сос) сервирани во лист од банана, весник или хартија за пакување.

Тарана
9Tarhana
Во Турција, тараната е ферментирана и исушена комбинација од жито, јогурт и зеленчук кои вообичаено се приготвени во вид на густа супа која се јаде со сите оброци, вклучувајќи го и појадокот.

Boerewors

10Braai
Ова традиционално јадење од говедски колбаси со зачини и маст често се наоѓа за појадок на трпезите во Боцвана, Зимбабве и Јужна Африка. Речиси исто толку често како и јајцата од острига.
Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок
- Реклама -