По мозочниот удар мислела дека е маж!

man_woman.jpg Иако сведоци сме на многу феномени во медицината, таа сè уште продолжува да не изненадува. Најновиот случај потекнува од Германија, во кој е вмешана жена која доживеала мозочен удар.

man_woman.gifИако сведоци сме на многу феномени во медицината, таа сè уште продолжува да не изненадува. Најновиот случај потекнува од Германија, во кој е вмешана жена која доживеала мозочен удар.

За првпат, научниците кажуваат за случај во кој една жена откако доживеала мозочен удар верувала дека и е сменет полот.

37 годишна жена била примена во центарот за епилепсија во Германија поради мозочен удар во 2006. Таа доживувала мачнина, страв и понекогаш дежа ву неколку пати во неделата. „Веќе не се чувствувам дека сум жена“, изјавила. „Имам впечаток дека сум се претворила во маж. Мојот глас, на пример, звучи како машки. Еднаш, за време на напад, си ги погледнав моите раце и ми изгледаа како машки раце. Дури и имаа машки влакна на нив.“ Уште почудно е тоа што оваа илузија не е ограничена само на неа. Таа видела и жена во нејзината близина како се претвора во маж, исто така. „Еднаш и една жена со која бевме во истата соба, видов како се претвора во маж, вклучувајќи го и нејзиниот глас.“

Пред овие илузии жената било комплетно здрава, без историја на ментални болести, само симптоми на депресија во нејзиното подоцно детство. „Пациентот никогаш не имал вакви илузии.“, вели истражувачот Burkhard Kasper, неуролог на Универзитетот во Германија. Снимките утврдуваат дека туморот во мозокот на жената веројатно има врска со нападите. Туморот е бенинген. „Очекуваме да има долг живот“, вели Каспер.

- Реклама -