Вистината е дека ние мажите, иако се преправаме оти не сакаме да ги слушаме долгите монолози од жените, всушност ги обожуваме зашто ни овозможуваат да го прескокнеме делот кога ние треба да зборуваме. Но, постојат нешта што ниеден маж не сака да ги чуе од жена за која е романтично заинтересиран.

1. Сакам да бидеме пријатели. Оваа фраза, како и сите нејзини варијации (Те сакам, но не сум вљубена во тебе; Те сакам како брат итн.) не само што се смрт за секој маж, туку се и ужасно здодевно клише. Обидете се со некој нов пристап, како на пр. брутална и сирова искреност – никогаш, никогаш, ама апсолутно никогаш нема да ме видиш гола, затоа престани да се надеваш! – Кога од некого барате искреност, тогаш дајте ја истата. Ако некому му кажете со време дека не сте заинтересирана за него, тогаш тој ќе престане да се надева дека наскоро ќе се премислите и нема да се труди околу следниот голем гест.
2. Секоја фраза во која се содржат зборовите „дечко ми“, без разлика дали се однесува на некој друг во моментот или на поранешниот. Верувајте, најмалку што сакаме да слушаме се детали за некој друг, на кој очигледно мислите додека сте со нас.
3. Моите родители сакаат да те запознаат. Чувството никогаш не е обострано.
4. Дали изгледам дебела во ова? Сериозно? Очекувате одговор на ова прашање?
5. Сите варијации на тема детални инструкции во кревет. Секако, валканите муабети за време на секс се одлично нешто, но кога ќе почнете со детални инструкции, тогаш сексот од интимна игра преминува во упатство за употреба на DVD плеер, а тоа воопшто не е забавно!