За да се развие една романтична врска, неопходно е за поголемиот дел од нештата да имате сличен вкус или барем заеднички јазик. Но, тоа не значи дека мора да сте синхорнизирани по однос на секое прашање. Следи листата на петте нешта по однос на кои не мора да го делите мислењето за врската да ви успее.
За да се развие една романтична врска, неопходно е за поголемиот дел од нештата да имате сличен вкус или барем заеднички јазик. Но, тоа не значи дека мора да сте синхорнизирани по однос на секое прашање. Следи листата на петте нешта по однос на кои не мора да го делите мислењето за врската да ви успее.
1. Музички вкус
Доколку музиката во вашиот свет има висок ранг, тогаш ова нешто можеби ќе е тешко да се надмине. Веројатно страшно ќе се изнервирате ако вашиот партнер никогаш нема чуено за Pink Floyd, а во телефонот има снимено ѓубриња од турбо-фолк „естрадата“. Но за среќа, велат дека вкусот за музика никогаш не е доцна да се изгради и да се рафинира, така што, ете ви уште еден предизвик.
2. Интелектуален вкус
Можеби ќе ви стане незгодно кога читате нешто од Ниче, а истовремено вашиот партнер има книга од Ден Браун в рака. Но, гледајте на позитивната страна – барем двајцата читате! Да, „Кодот на Да Винчи“ е совршен пример за евтина литература, но не треба секогаш да го цените човекот според она што во моментот го чита. Иако вие можеби подготвувате докторат по астрофизика, но имајте на ум дека не знаете ама апсолутно ништо за градежништво или автомеханика. Ако сте го гледале „Мојот братучед Вини“, тогаш присетете се на сцената во која Мариса Томеи успева да ги ослободи клиентите на судењето со совршеното познавање на автомобилските гуми, иако тоа не беше нејзина професија. Ова е совршен пример за тоа дека интелектуално секогаш вредите колку збирот на сите ваши знаења, а не колку ѓубрето што можеби го читате.
3. Вкус за пријатели
Вие сте оној со кого сте дружите – велеше една поговорка. Но, ова едноставно не е точно. Вашиот партнер може да има пријатели кои се здодевни, помалку интелигентни, со заостанати сфаќања кои вие едноставно не можете да ги поднесете. Но, тоа не значи дека тој нема вкус за пријатели. Размислете, иако тие имаат некои лоши карактеристики (од ваша перспектива), сепак, веројатно се работи за (фундаментално) добри луѓе штом со нив има изградено пријателство.
4. Навики на трошење пари
Овде треба да сте внимателни. Можеби треба да се замислите дали сакате да бидете со некој што си ја прокоцкува платата речиси секој месец. Но, експертите велат оти штедачите се привлечени од трошачите и обратно. Ова е само уште еден пример во кој спротивностите се привлекуваат.
5. Стил на облекување
Ова е прилично едноставно. Ако не ви се допаѓа стилот на облекување на партнерот, тркнете до најблиската продавница. Предложете му неколку парчиња облека. Во секој случај, ќе успеете да најдете заеднички јазик, зашто не секому му е важно како се облекува, па затоа и би го променил стилот за да го направи својот партнер среќен.