Пцуењето ја ублажува болката

Повеќе... Иако е општествено неприфатливо, пцуењето има и своја позитивна страна затоа што може да ја ублажи болката, покажа истражувањето направено од група британски научници.


Пцуење.jpgИако е општествено неприфатливо, пцуењето има и своја позитивна страна затоа што може да ја ублажи болката, покажа истражувањето направено од група британски научници.

Истражувањето кое го направи група стручњаци од Универзитетот Кил, покажа дека луѓето се во состојба подолго да ја издржат болката доколку изговараат непристојни зборови. Др. Ричард Стивенс, психолог и водач на истражувачкиот тим, верува дека ова објаснува зошто пцуењето е вообичаена појава кај сите народи во светот. Тој смета дека луѓето го користат пцуењето за да го подигнат нивото на агресивност, а со тоа и да ја ублажат болката до одредена мера.
Истражувањето беше направено врз 64 студенти кои требало да ги држат рацете во ладна вода за да се види колку пцуењето при тоа ги прави толерантни на болката. На изненадување на истражувачите, кога испитаниците пцуеле, тие можеле подолго време да ги држат рацете во ладната вода. Истражувачите сугерираат дека тоа се должи на зголементото ниво на агресивност при користењето на таквите непристојни зборови. За време на тоа отчукувањето на срцето се зголемува и научниците сметаат дека во тоа игра улога и мачоизмот кој прави да се биде поотпорен на болката. Др. Стивен Ричардс вели дека ова би можело да ја објасни прастарата практика на пцуење која егзистира со векови па сè до ден денес. Но тој нагласува дека ова не ви дава зелено светло за да бидете непристојни, туку дека ако сакате да го почувствувате терапевтското дејство на пцовките тоа треба да го правите умерено и само тогаш кога е потребно. [Why an outburst of F-words can help reduce pain]
- Реклама -