Жените се најсреќни на 28 години

Повеќе... Истражувачите открија дека жените се чувствуваат најсигурни во себе и најзадоволни со својот љубовен живот и физичкиот изглед кратко пред да наполнат 30 години.


smiling-woman-on-computer.jpgИстражувачите открија дека жените се чувствуваат најсигурни во себе и најзадоволни со својот љубовен живот и физичкиот изглед кратко пред да наполнат 30 години.

Тоа се покажа дека исто така е период во животот кога најмногу уживаат во сексот, но среќата која доживува кулминација на 28 година е со краток рок. После овој врв и откако ќе наполнат 30, жените почнува да ги загрижува стареењето, белеењето на косата и појавата на брчките.

Ова се заклучоците од истражувањето кое една компанија за производство на бои за коса го направи врз 4.000 жени. Од него истражувачите изведоа заклучок дека на 28 години косата на жените и нивното тело изгледаат најдобро, а нивната самодовербата е на врвот.

Сигурноста на работното место, стабилната финансиска состојба, да се биде во врска и да се има цврсти пријателски врски допринесува на оваа возраст жените да се чувствуваат најзадоволни. На оваа возраст жените се чувствуваат најспокојно во врска со својот изглед и имаат најмногу самодоверба. Според истражувачите, кај жените 28 години е возраста на која работите го достигнуваат својот врв.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Истражувањето направено врз жените од 25 до 65-годишна возраст се концентрираше врз тоа колку тие се задоволни во 12 клучни аспекти во својот живот. Според резултатите, жените се најсреќни со својата кариера на 29 години, а најзадоволни со својата врска една година после 30-тата, иако задоволството од сексот го достигнува својот врв во 28-та. Истражувањето, исто така, покажа дека жените поминуваат повеќе од 5 дена годишно во рутини за разубавување – во просек по 22 минути секој ден. [Women ‘happiest at 28’]

- Реклама -