7 начини да ја одржите љубовта во живот

Љубов Веројатно барем еднаш сте чуле некој да ви каже оти љубовта има рок на траење и оти секогаш по блескавиот почеток, нештата одат удолу и само прашање на време е кога врската ќе заврши. Без да навлегуваме во вистинитоста на ова тврдење, ќе ги погледнеме седумте начини на кои можете да ја одржите љубовта во живот.


Веројатно барем еднаш сте чуле некој да ви каже оти љубовта има рок на траење и оти секогаш по блескавиот почеток, нештата одат удолу и само прашање на време е кога врската ќе заврши. Без да навлегуваме во вистинитоста на ова тврдење, ќе ги погледнеме седумте начини на кои можете да ја одржите љубовта во живот.

Љубов1. Држете ја комуникацијата секогаш отворена. Доколку не знаете како да се изразите себеси или пак не сте добар слушач, поработете на себеси. Прочитајте некоја книга, посетете некое предавање, информирајте се. Клучот за добра комуникација е можноста за добро изразување, но и внимателно слушање.

2. Не ги поттурнувајте караниците под ќилимот мислејќи оти сами од себе ќе се разрешат.
Веднаш по караницата (или најбрзо што е можно) разрешете го прашањето. Одложувањето на разговорот за спорните моменти од врската ќе доведат до тоа да ја имате истата караница многу пати во иднина, само во поинакви форми.

3. Запомнете дека го сакате вашиот партнер, па според тоа го сакате она што е најдобро за него.
Поверувајте му на партнерот кога се чувствувате луто, повредено или разочарано. Позборувајте наместо да правите претпоставки.

4. Не го земајте партнерот здраво за готово.
Постојано потсетувајте го дека сте благодарни што тој/таа е во вашиот живот.

5. Вашиот партнер никогаш не треба да се почувствува како да ви е непријател.
Вљубени сте во вашиот партнер. Доколку се почувствувате како непријатели, тогаш значи дека нешто не е во ред. Постои гнев меѓу вас кој од некаде потекнува. Пронајдете го изворот и разрешете го конфликтот.

6. Проценете ја врската.
Доколку помалку зборувате, доколку нежностите се намалени, постојано се карате, тогаш јасно ви е дека нешто не е во ред. Колку побргу признаете оти имате проблеми, толку побрзо ќе можете да се посветите на нивно решавање.

7. Запомнете дека секогаш можете да го поправите однесувањето во врската со најразлични техники на себеподобрување.
Не морате да останете заглавени во место со нездрави корени.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани
- Реклама -