Најскапите јадења и пијалоци

Повеќе... На менито со најскапите јадења и пијалоци во светот мартинито чини 10.000 долари, овошниот сладолед доаѓа со декорација од 23-каратно злато, а се нудат и уште неколку безобразно скапи гурмански задоволства.


На менито со најскапите јадења и пијалоци во светот мартинито чини 10.000 долари, овошниот сладолед доаѓа со декорација од 23-каратно злато, а се нудат и уште неколку безобразно скапи гурмански задоволства.

1. Класичен сив кавијар од Серуга
grey-sevruga-caviar.jpg
Познатиот Руски кавијар доаѓа од Каспиското Море и околу 300 грама ќе ве чини 2.520 долари.

2. La Madeline au Truffe
chocolate-truffle.jpg

Knipschildt Chocolatier го пакуваат ова декадентно слатко во посебна кутија, која на дното има шеќерни бисери. Само едно вакво слатко чини 250 долари.

3. Сирење направено од млеко од лос
moose-milk-cheese.jpg

Има добра причина зошто го носи епитетот „Најскапото сирење на светот“, чини 500 долари за околу 450 грама и доаѓа од мали, приватни фарми со лосеви во рурална Шведска.

4. Црвен ирански шафран
red-saffron.jpg
Овој тип на шафран, кој е врвен во аромата чини неверојатни 750 долари за само 100 грама.

5. Говедско месо од Wagyu со потекло од Кобе
kobe-wagyu-beef.jpg

[[Wagyu]] е вид на говедо чие месо се цени заради високиот процент на  omega-3, omega-6 масни киселини и незаситени масти. Неколку реони во Јапонија се познати по квалитетот на говедското месо од Wagyu. Цената на четири Wagyu бифтеци од Кобе е 285.95 долари.

6. Свежи црни зимски тартуфи
black-truffle-mushrooms.jpg

Овие италијански тартуфи се меѓу најскапите во светот – 113 грама ќе ви ја олеснат вашата сметка во банка за 400 долари.

7. Kopi Luwak кафе
kopi-luwak-coffee.jpg

Направено од зрнца кафе кои поминале низ дигестивниот систем на еден вид цицач со големина на мачка кој живее во Југоисточна Азија и Јужна Кина, 450 грама од ова кафе чини 229.95 долари.

8. Dom Perignon шампањ од 1988 година
champagne.jpg

Овој добро познат производител на шампањ е синоним за луксузниот начин на живот, но шампањот од 1988 година чини скандалозни 700 долари за шише.

9. Гускин Foie Gras
foie-gras.jpg

Џигерот од гуска е познат по помекиот и покремаст вкус, наспроти тој од патка. Како и да е, со 115 долари за помалку од 300 грама, воопшто не е мек за вашиот џеб.

10. Најскапиот овошен сладолед
golden-opulence-sundae_1.jpg

Ресторанот Serendipity 3 е Гинисов рекордер со својот најскап овошен сладолед во светот. Овој десерт од 1.000 долари има златен лист кој може да се јаде од 23-карати, ретки чоколади и сладолед, сервирани во кристална чаша со златна лажица од 18 карати.

11. [[Tieguanyin|Tie guan yin]] чај
oolong-tea.jpg
Овој кинески чај е во блиска сродност со зелениот, но едно кило од него може да чини и до 3.000 долари.

12. Martini on the Rock
martini-on-the-rock.jpg

Во Algonquin хотелот на Менхетн, за 10.000 долари (!) можете да го почувствувате вкусот на декадентниот луксуз и да го нарачате познатиот мартини кој вклучува дијамант по ваш избор како декорација на дното од чашата.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -