Каков десктоп, такoв карактер

Повеќе... Можеби сметате дека она што го ставате на десктоп е само заради забава, но тоа зборува за вас повеќе одошто мислите. Една студија направена со цел да се испита подлабоко десктоп психологијата ни открива како карактерот на луѓето, нивните навики и амбиции можат да се разоткријат со анализирање на компјутерскиот десктоп.

transparent_desktop.jpgМожеби сметате дека она што го ставате на десктоп е само заради забава, но тоа зборува за вас повеќе одошто мислите. Една студија направена со цел да се испита подлабоко десктоп психологијата ни открива како карактерот на луѓето, нивните навики и амбиции можат да се разоткријат со анализирање на компјутерскиот десктоп.

Психологот Donna Dawson, која ја проучува личноста и однесувањето, ги анализираше десктопите кои одреден број луѓе ги имаат на компјутерот на работното место и идентификува неколку сигнали кои можат да дадат увид во тоа каква е личноста на која и припаѓаат.
Во однос на тоа таа издели неколку категории на карактери: Генеричен (Подредува според видот), „Се на свое место“-тип, Ориентиран кон специфична цел, Собирач на заслуги, Ескапист, Артистички и Социјален тип.
Таа вели: Нашите десктопи се нашиот личен простор и како таков тој обезбедува точна дескрипција на една личност.“ На пр. многу икони на десктопот можат да сугерираат дека личноста е дезорганизирана и можеби несигурна. Луѓето кои имаат слика на десктоп која ги покажува нивните минати успеси, од друга страна, рискираат да ја откријата својата
егоцентрична страна на своите колеги.
Десктоп со икони расфрлани насекаде, покажува дека сопственикот е дезорганизиран и лесно се дефокусира.
Еднакво поставени икони на двете страни – личноста сака се да и е при рака, сака да се чувствува како да ја има контролата врз работите и во топ форма, додека во исто време покажува тенденција да биде во мала мера дезорганизирана.
Лични фотографии на десктоп – покажува каква личност сте и кои се вашите приоритети во животот. Често родителите имаат фотографија од нивните деца или пасионираните патници имаат слика од некоја егзотична локација. Фотографиите од пријатели индицираат популарност.
Празен син десктоп – сугерира тип на личност која не сака да го открива својот личен живот во јавност.
Фотографии на кои се гледа личниот успех – можат да сугерираат големо его и личност која му дава големо значење на своите достигнувања од минатото.
- Реклама -