Да признаеш неверство значи да ја отвориш Пандорината кутија! Затоа добро и трезвено размисли пред да одлучиш да признаеш дека си изневерил!
Да признаеш неверство значи да ја отвориш Пандорината кутија! Затоа добро и трезвено размисли пред да одлучиш да признаеш дека си изневерил!
Ако прељубата веќе ти се “испуштила”, немој да ја правиш и дополнителната грешка да признаеш некому. Сексуалното неверство е многу непријатен проблем, со него само ќе нанесеш патење на партнерот и на сите кои се во тоа вмешани. Ако еднаш си фатил кривина и после за тоа ти било жал, не си злочинец. Сепак, повеќе еднократни прељубници долго ги гризе совест и секоја морална жила во телото ги тера да се доверат на својот партнер. Но, да ја признаеш прељубата – не води кон ништо добро, а ова го потврдува и шведскиот сексолог Хакон Енгвист, кој вели: “Многу од оние кои изневериле веруваат дека ако признаат ќе го уверат партнерот дека се всушност искрени и почитувачки. Но, вистината е дека веста за неверството многу повеќе влијае отколку искреноста. Ако ти е тешко да ја носиш прељубата на душа, по исповедта ќе ти биде уште потешко. Ќе ја отвориш Пандорината кутија и засекогаш ќе го промениш односот. Секако на полошо!”
Наместо тоа, размисли дали сакаш да го признаеш неверството од себичност за да ти биде совеста мирна или заради мислите дека скриената лага лошо би влијаела. И имај на ум дека партнерот, сам, најверојатно никогаш нема да го открие тоа. Ако си се залетал само еднаш голема е веројатноста дека нема да постојат траги кои би укажале на неверството.
Досегашните искуства покажуваат дека многу признаени афери довеле многу врски до пропаст. Извесно е што дури потоа ќе сфатиш дека подобро е да се живее со кривица одошто без партнер.