Што не привлекува кај спротивниот пол

Повеќе...

Зошто некои луѓе ни се привлечни, а некои не? Што е она шти не прави атрактивни за спротивниот пол? Која е тајната на убавината? Еве што велат истражувачите.


481327-40.jpg

Зошто некои луѓе ни се привлечни,а некои не? Што е она штo не прави атрактивни за спротивниот пол? Која е тајната на убавината? Еве што велат истражувачите.
Убаво лице
Психолозите, невропсихијатрите и антрополозите се собраа да го одгатнат прашањето што е убаво лице. Тие се фокусираа на три фактори: просечност (колку големината и обликот на лицето одговара на просекот), симетрија на лицето и половиот диморфизам (колку едно лице е женствено или колку преовладува машкоста).
Разгледувајќи ги овие фактори, истражувачите дошле до сознанија дека она лице кое е поблиску до просекот е попривлечно. Но што е просечноста во случајов?  Психолозите велат дека не привлекува она што ни е повеќе познато. Ние од најрана возраст учиме да ги идентификуваме заедничките црти што ги гледаме на лицата со кои сме опкружени, со што таа една општа слика што си ја создаваме за просекот повеќе не привлекува. На сметка на тоа, она што е различно од просекот може несвесно да не предупредува на присуството на непожелни, рецесивни гени.
Симетријата, вториот показател за убавина исто така игра голема улога во тоа колку некое лице ќе изгледа привлечно. Не се сите симетрични лице убави или обратно – не се сите убави лица симетрични. Како и просечноста, и симетичното лице е показател за добри гени. Таа несвесна информација која прави таквите лица да ни изгледаат атрактивни, ја докажаа и научниците, кои со испитување на лица со симетрични карактеристики дошле до заклучок дека овие се со подобро здравје од овие другите.
Женственоста/машкоста на едно лице: кај мажите, хормонот тестостерон стои позади истакнатите коски на вилицата и образите, поголем нос, мали очи, потенки усни и издолжен долен дел од вилицата. Жените ги привлекуваат вакви лица со помаженствени карактеристики затоа што тие им сигнализираат подобар имун систем и плодност.
Естрогенот е оној кои стои зад карактеристиките на жените кои им се привлечни на мажите: здрава кожа, исполнети усни, помал нос, испакнати, заоблени јаболчници, високо издигнати веѓи…
Големи гради
Никој нема дефинитивен одговор зошто на повеќето од мажите им се привлечни големи гради, но сите теории се согласуваат околу тоа дека големите гради значат поголема плодност кај жената. Градите се показател на годините, здравјето и добрите гени, поради што антрополозите мислат дека тоа е круцијално за сексуалната селекција дури и во култури што не ги еротизираат градите повеќе од лицето.
Мажите сепак преферираат блондинки
Не е случајно тоа што во рекламите повеќе има блондинки. Човечкото око повеќе е привлечено од светли бои, па оттаму блондинките привлекуваат повеќе внимение од останатите. Светлатта боја на косата исто така асоцира на младост и плодност. Но не е секогаш така. Во Скандинавија на пр. каде блондинките се почеста појава, мажите повеќе преферираат брунети.
А што ги привлекува жените?
Кај жените големината е важна. Истражувачите дошле до заклучок дека жените преферираат високи мажи. Височината е исто така знак за плодност. Во некаква примордијална смисла, височината е поврзана и со социјалниот статус дури и на работни места каде мозокот наспроти физичкиот изглед е поважен. Повисоките мажи се перцепираат како поинтелегентни, доминантни и подобри лидери. [Sex, science and the art of seduction: What really makes us attractive to the opposite sex]
Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -