Тиаго Силва: Виланова ме покани да играм за Барса

Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва открива дека добил понуда од Тито Виланова да игра за Барселона.

’Каталонците’ се обидоа да го ангажираат репрезентативецот на ’Кариоките’ минатото лето, но тогаш Тиаго Силва ја прифати понудата на ПСЖ.

Барса сеуште е во потрага на централен дефанзивец, па медиумите одново го поврзуваат Тиаго Силва со преселба на Камп Ноу.

Бразилецот открива дека по дуелот на ПСЖ и Барселона во Лигата на Шампионите добил покана од тренерот Тито Виланова да игра за Барса, но нагласува дека во моментов нема преговори.

„Тито Виланова е одличен тренер, многу го ценам” – рече Тиаго Силва.

„По крајот на дуелот помеѓу ПСЖ и Барселона во Лигата на Шампионите имав краток разговор со него. Ме покани да играм за Барса”.

„Во моментов нема никакви преговори. Смирен сум и сакам само да уживам во одморот”.

„Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи, но среќен сум во ПСЖ”.

„Секој ден разговарам со претседателот, и во овој момент не можам да се видам како заминувам од Париз”.

„Ситуацијата воопшто не е иста како минатото лето, кога Милан сакаше да ме продаде. Сега, ПСЖ не сака да ме продаде, па тешко дека ќе заминам”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -