Експертите на CNN составија листа на 12-те најдобри дизајни за изминатите 100 години. Кои се тие? Погледнете во следнава листа:
Apple Macintosh
“Кога Mac на Apple рече за првпат” Здраво “на светот во далечната 1984-та година, ја натера целата компјутерска индустрија да обрнат поглед кон компанијата и да променат приоритетите”, вели Дик Паул – основач на дизајнерската агенција SeymourPowell. “Mac беше комбинација на неверојатен софтвер со фантастичен хардвер и токму тоа беше причината за успехот на овој уред.”
Vespa на Piaggio
“Универзалниот дизајн на Vespa овозможува и на мажите и на жените да го користат, а во исто време да изгледаат елегантно” сподели италијанскиот дизајнер Џанфранко Закај. “Користен во” La Dolce Vita “на Фелини и овожават од страна на Битлси, Vespa покажа сериозно влијание врз целата култура на италијанското општество.”
Ескалаторите
Кога за прв пат овој уред беше претставен, главната замисла беше тох да биде “уметност”, за која секој човек ќе мора да плаќа.
“Кога конечно беше наметната во архитектурата, светот и животот на земјата за прв пат оживеа” вели холандскиот дизајнер Даан Розенгаард.
Авионите Virgin Galactic Space Plane
Првиот туристички авион несомнено заслужува внимание и токму за тоа инсистира велшкиот индустриски дизајнер Рос Ловгроув.
“Тој е единствениот од ваков вид авиони, кој се претвори во реалност. Тој предизвика сосема нова перспектива и на луѓето им даде можност да ја ценат убавината на нашата планета “сподели Ловгроув.
АК-47
Тука веќе се меша и улогата на Советска Русија за развојот на светот во изминатите 100 години. Маркус Ферс ја издвојува улогата на АК-47, како оружје, чиј дизајн дава поттик на трендовите во градењето на оружје и до ден денешен. Калашников продолжува да е меѓу најпопуларните огнени оружја во целиот свет, а дизајнот му останува непроменет до ден денешен.
Флопи дискета
Може да го наречеме и “Мини диск”, но сепак останува оној популарен симбол на 90-тите години – дискета флопи. Јапонскиот дизајнер Јоширо Накаматсу ја вклучува дискетата како еден од технолошки апарати кои придонеле за развојот на овој сектор на економијата и станале неизбежен симбол на едно минато време.
iPod
Еден толку симболичен производ дека стана симбол на една цела генерација. Ник Родос од Industrial Design го номинира mp3 плеерот, бидејќи “експлицитно ги покажува предностите на дружната работа”. “Тој ја претставува идејата дека не треба еден производ да е дело на познат дизајнер, а може да е резултат од идеите на многу луѓе”.
Столот Aeron
Џорџ Мекејн, директор во IDSA, го истакнува дизајнот на столот Aeron. ”Тој е дел од сите канцеларии низ целиот свет. Тој ја донесе потребната промена и заслужува место во рангирањето “, рече Мекејн.
Касетофон Bang & Olufsen
Овој познат производ од далечната 1979-та година е номиниран од страна на американскиот дизајнер Карим Рашид.
“Купив таков касетофон, кога бев на 19. Тогаш чинеше цело богатство, но и до денес го користам. Никогаш не ме е разочарал. Сè во него е поедноставно и неверојатно, супериорно дури и од повеќето производи, кои постојат денес. “
Airbus A380
“Супер џамбо”, “понежниот гигант” … наречете го како сакате, но Airbus A380 – најголемиот патнички авион, е номиниран од Дејан Суџич – директор на Лондонскиот музеј за дизајн. Производот претставен во 2005-та година со главна цел да конкурира на монополот на Боинг, а неговиот капацитет достигна 850 лица.
Ford Model T
“Првото нешто на кои можат да се сетам е Ford Model T” вели професор Мајлс Пенингтон – главен одговорен во Royal College of Art. “Сепак токму овој производ донесе слобода, мобилност и продуктивност на милиони луѓе низ целиот свет.”
Авионските мотори
Може да го издвоите Airbus, но ако не беше Френк Витл кој го измислил првиот млазен мотор, тогаш оној авион воопшто немаше да постои денес. Номинацијата за млазниот мотор е дело на Тревор Бејлис.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk