Перфектен Бразил, Кариоките ја понижија Шпанија и го освоија трофејот

Бразил го освои Купот на Конфедерациите откако со убедливи 3-0 ја совладаа Шпанија во финалниот натпревар.

Бразил со доминантна игра во текот на сите 90 минути ја победи Шпанија со фантастични 3-0 и сосема заслужено дојде до триумф во Купот на Конфедерациите.

Доминацијата, серијата без пораз во официјалните натпревари на Шпанија конечно е прекината.

Бразил поведе уште во 2. минута од натпреварот, Фред во пад го совлада Касиљас за водство од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме, по асистенција од Оскар, Нејмар погоди за предност од 2-0.

Фред постигна гол и во втората минута од второто полувреме за конечни Бразил – Шпанија 3-0.

Шпанија имаше убава можност да се врати во натпреварот, но Серхио Рамос не реализираше удар од белата точка.

Во 68. минута Пике заработи директен црвен картон, тука беше и крајот на сите надежи за Шпанија.

На крајот Бразил сосема заслужено се радуваше на трофејот од Купот на Конфедерациите.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -