Рекреацијата е поефикасна од лекот

Редовното вежбање може да го намали ризикот од стрес и да го поправи психофизичкото здравје.

Шетање против депресија

Одењето помага повеќе одошто лековите кај депресивните личности, покажа истражувањето спроведено врз 156 луѓе во траење од 16 недели. Само 30 минути брзо шетање неделно е доволно да ја врати насмевката на лицето, а само кај осум пациенти болеста се вратила и затоа престанале да бидат физички активни. Освен тоа, одењето го подигнува нивото на енергија, го поправа расположението и ги регулира хормоните.

Men-and-Women-walking_cropped

Трчањето ја ублажува болката во зглобовите

Доколку редовно и правилно трчате, значително ќе ги ублажите болките во мускулите и зглобовите. Возрасните личности кои се занимаваат со рекреативно трчање, имаат 25% помалку шанси да заболат од артритис.

running-wallpaper-41

Таи Чи го ублажува стресот

Оваа првобитно боречка источна вештина е вистинскиот избор во борбата против стресот. Успешно го отстранува уморот, стресот, нервозата, го смалува високиот крвен притисок. Карактеристични успорени боречки вештини го подобруваат имунолошкиот систем и штитат од вируси.

Tai chi_1_176

Јогата ја намалува главоболката

Дури 75% од болките ги причинува мускулната напнатост во пределот кај вратот, како и лошото држење на телото. Од главоболка најчесто патат луѓето кои имаат стегнати рамена и лоши држење на телото, како и навиката да ја наведнуваат главата нанапред. Мускулите на вратот им се постојано стегнати и поради ова јогата е совршен начин на ослободување од мачните тегоби.

Yoga-1

Пилатес за грб

Овој вид на реакција го препорачуваат голем број на физиотерапевти бидејќи така најлесно се зајакнуваат мускулите кои се поврзани со р’бетот и болката во грбот престанува. Внимателно одбраните вежби ја зајакнуваат комплетната мускулатура и го поправаат држењето.

pilates-1-131354_L

- Реклама -