Направете ја својата хотелска соба побезбедна

Кога патувате во друга земја и се сместувате во хотел, најважни ви се две нешта – да останете здрави и да бидете безбедни. За да ја направите својата хотелска соба побезбедна, едноставно следете ги овие совети.

Секогаш заклучувајте ја вратата

Не излегувајте од својата хотелска соба без да ја заклучите вратата, макар и ако не одите далеку. Доколку сте во собата, заклучете ја врата и оставете го клучот во бравата. Ако вратата се заклучува со картичка, тогаш веројатно на вратата има и сигурносно синџирче – искористете го! Вратите со картичка сами се заклучуваат кога излегувате од собата, затоа секогаш повлекувајте ја вратата до крај и потоа проверете дали е заклучена, пред да заминете.

Не ја отварајте вратата за секого

Не отварајте ако некој ви тропне на врата и тврди дека е вработен во хотелот, доколку не очекувате некаква услуга. Ако не сте сигурни, а мислите дека личноста што тропа ја кажува вистината, јавете се на рецепција и проверете.

Проверете ги прозорците и балконската врата

На доаѓање и при секое излегување од собата, проверувајте ги прозорците и балконската вреата, за да бидете сигурни дека се заклучени. Разбојниците можат да влезат и преку терасите во хотелите, затоа не оставајте ништо отворено.
Ноќе користете го главниот влез

Кога влегувате или излегувате од хотелот ноќе, користете го главниот влез, кој е секогаш осветлен и е во видното поле на вработените на рецепција.

Користете го сефот

За складирање на вредните предмети, користете го сефот во собата. Не оставајте клучеви, накит, пари, кредитни картички, пасоши или скапа електронска опрема на видни места. Ако нема сеф, складирајте ги во плакар, подалеку од погледот на евентуалните разбојници, но и на чистачите.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -