Благодарение на независниот проект „Poppy“ финансиран преку старт-ап сајтот „Kickstarter“ популарниот смартфон на Apple iPhone ќе може да работи со додаток кој ќе донесе 3D сликање кај неговата камера.
Целта на „Poppy“ е да се направи промена на сликите направени со iPhone на добро познатиот принцип на додавање на длабочина преку дополнителен визир со вградени посебни леки низ кои се процесуира сликата.
Додатокот „Poppy“ за iPhone нема никаква електроника и не му е потребна батерија, а ќе се продава по цена од 59 долари со нарачка од изработувачот. Преку него ќе може да ги гледате направените слики со вашиот iPhone во 3D. Oд следното видео погледнете како функционира овој додаток за камерата на iPhone.
[youtube]http://youtu.be/PqQIQ5Yt_qY[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk