Сосема добри причини никогаш да НЕ вежбате

Не е дека не сакате да вежбате, но некои денови, тоа се чини неможно. Работните и семејните обврски знаат да ги саботираат и најдобрите намери. Но, и сосема добрите причини да не вежбате може да се решат. Еве како:

Не ми е добро – имам воспаление на мускулите

Оваа причина секогаш ја постигнува целта. Само што почнавте да вежбате се повредивте. Тоа претежно е случај кај оние кои претеруваат со вежбање. Решението е во правилото 10 проценти. Тоа значи секоја недела да го зголемите темпото или далечината само за 10 проценти, а почнете со умерено темпо. Ако не се чувствувате најдобро, вежбајте со побавно темпо, но не се откажувајте.

51e2c7008b8d128d_stk63074cor.preview

Мразам да вежбам!

Ни најновите фармерки, ни мотивацискиот постер или личниот тренер не можат да ви ја сменат омразата кон вежбањето? Никој не рече дека мора да уживате во вежбањето. Пронајдете друга личност што мрази да вежба исто како вас, па меѓусебно поттикнувајте се. Личен тренер е најдобро решение.

Предолго патувам до работа, па немам ни време ни сила

Ако барем еден час патувате до работа, едноставно немате време пред или по работа да вежбате. Ви останува паузата за ручек. Наместо да седите на кафе или да ручате, забрзано пешачете барем 15 минути. Набавете педометар и целта нека ви биде одреден број на чекори во денот (10 000 би било одлично). А преку викенд вежбајте повеќе.

exercise-suit

Шефот ме излудува со прекувремена работа

Се спремате да заминете од работа, а вашиот шеф ви фрла итен проект на биро – и треба да се заврши до утре наутро. Што да правите? Морате повторно да ја разгледате вашата дефиниција за фитнес. Вежбањето не мора да вклучува формален тренинг во некој центар. Собујте ги чевлите, извадете јаже и скокајте 10 минути во канцеларија. Најважно е да вежбате редовно макар и само 10 минути дневно.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Сопругот/сопругата ме саботира

Сега кога конечно почнавте да се придржувате до вашата програма, вашиот партнер има безброј причини да го прескокнете терминот за вежбање. Наместо да ве пофали, се жали дека не сакате да бидете дома. Или одеднаш куќата е полна со колачи. Што да направите: Прво сфатете зошто не ве подржува. Се плаши дека нема да имате време за него/неа? Поради несигурноста дека ќе го/ја оставите ако ослабете? Кога ќе ги сфатите вистинските причини, барајте решение. Покажете дека и покрај вежбањето секогаш имате време за него/неа. Дајте му/ѝ до знаење дека сексуално ве привлекува повеќе од било кој. Повикајте го/ја да ви се придружи на вежбање.

exercise-in-the-office

Живеам многу далеку од теретаната

Ако живеете во место каде што никој не слушнал за зумба, тоа може да биде тешко. Што да направите? Освен ДВД и онлајн вежби, на располагање ви стои и еден од наједноставните тренинзи – скокање на јаже. Може да трчате и по скали, како кардио тренинг. Возете велосипед и пешачете.

Не сакам да одам во теретана затоа што сите ме гледаат

Ако се почувствувате несигурно, обидете се да одите со пријател/ка. Носете удобна облека со која ќе ги сокриете недостатоците. И фокусирајте се на забавата, а не на совршенството.

full gym

Не гледам резултати

Што да правите? Не си поставувајте преголеми цели и не размислувајте за килограмите. Фокусирајте се на здравјето. Сосема сигурно имате повеќе мускулна маса, отколкку масти. Со текот на времето ќе намалите во обем, само ако упорно вежбате.

Sore-no-more-How-to-Recover-from-Sore-Muscles-after-Workouts

- Реклама -