Google Goggles: Мобилно визуелно пребарување за новата ера

goggles_landmarkАко ја поврзете камерата од мобилниот со податочните центри на Google, таа ќе стане вашето око со кое гледате и пребарувате сè.

Ако ја поврзете камерата од мобилниот со податочните центри на Google, таа ќе стане вашето око со кое гледате и пребарувате сè.

goggles_landmark

Да речеме дека престојувате во странство и сакате да научите повеќе за културата на тој народ. Сте посетиле модерен арт музеј и сакате да дознаете кој ја насликал сликата пред вас. Или можеби сакате да дознаете нешто повеќе за интересните градби и рестораните кои ги гледате.

За секој од овие примери, најважно за вас не е текстуалното пребарување, туку она што го гледате. Сега, со новиот сервис од Google за Android 1.6+ сите корисници ќе може да пребаруваат во својот видокруг.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

На кратко, со овој сервис корисниците ќе може да пребаруваат преку фотографии наместо зборови. Едноставно сликајте со камерата на мобилниот, и ако ја препознае сликата, Google ќе прикаже релевантни резултати.

Погледнете го видеото подолу за повеќе информации. [Mobile Search for a New Era: Voice, Location and Sight]

{youtube}Hhgfz0zPmH4{/youtube}

- Реклама -