Традиционално, дванаесетти пат во недела ќе се одржи Маршот на Матка, во организација на планинарскиот клуб „Видици“ и Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД. Планинарите маршот ќе го започнат во 10,15 часот пред манастирот „Света Богородица“, а потоа преку „Свети Спас“ ќе дојдат до „Света Недела“, последната дестинација на маршот. Со планинарската прошетка, официјално се отвора планинарската сезона во годината.