Вардар немаше среќа, ја доби Стеауа!

Македонскиот шампион, Вардар го доби најтешкиот можен противник, ќе игра против романската Стеауа во второто квалификациско од Лигата на Шампионите.

Вардар против Стеауа во квалификациите за Лигата на Шампионите, македонскиот првак немаше среќа во денешната ждрепка.

Стеауа е најуспешниот романски клуб кој игра во одлична форма во последните години, сино-црвениот дрес го носи и актуелниот македонски репрезентативец, Даниел Георгиевски.

Можни противници на Вардар покрај Стеауа беа, Викторија Плзен, Шериф, Марибор и Нефчи Баку.

Првиот натпревар Вардар го игра во Букурешт на 16. или 17. јули, реваншот е во Скопје седум дена подоцна.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -