Легендарно глупав одговор: Мис Јута се посрамоти и стана хит на Интернет

Мариса Пауел, претставничка на сојузната американска држава Јута, во саботата на изборот за Мис на Америка даде легендарно глупав одговор благодарение на кој стана Интернет сензација.

На прашањето што мисли во врска со тоа дека жените, и покрај тоа што во 40 проценти американски семејства го издржуваат семејството, се послабо платени од мажите и што говори тоа за американското општество, Мариса ја фати паника и даде одговор кој и донесе „слава“.

„Ова можеме да го поврземе со едукацијата и начинот на кој продолжуваме да се стремиме за тоа да создадеме нови работни места. Тоа е најголем проблем и мислам дека мажите се посебно водачи на сето тоа и треба да смислиме како да создадеме образование за да го решиме овој проблем“.

Социјалните мрежи се преполни со шеги на нејзина сметка, а најостар беше новинарот Тимоти Бурк кој искористи цитат од филмот „Били Медисон“: „Сите во оваа просторија станаа поглупави благодарение на вашиот одговор“.

[youtube]http://youtu.be/TlgqWeuhJj4[/youtube]

 

- Реклама -