Најдена планета близначка на Земјата

планета близнакНаучниците велат дека успеале да најдат друга планета, покрај нашата, која се наоѓа во „златната зона“ за живот: не многу жешко, не многу студено. Ова значи дека е можно на планетата да има вода во течна состојба. Исто така, планетата има и соодветна големина, што значи дека и гравитацијата е најверојатно на исто ниво како на Земјата.

Научниците велат дека успеале да најдат друга планета, покрај нашата, која се наоѓа во „златната зона“ за живот: не многу жешко, не многу студено. Ова значи дека е можно на планетата да има вода во течна состојба. Исто така, планетата има и соодветна големина, што значи дека и гравитацијата е најверојатно на исто ниво како на Земјата.

планета близнакНовата планета, за разлика од останатите планети кои се откриени (околу 500) надвор од нашиот сончев систем, се наоѓа во средината на зоната идеална за живот. Таа се наоѓа и во нашето галактичко соседство, што налага дека е можно да постојат многу планети слични на земјата само во оваа галаксија. Наоѓањето на планета која има потенцијал да подржи живот е голем чекор кон одговарањето на вечното прашање: Дали сме сами?

Кога се зборува за живот на други планети, не мора секогаш да значи дека се мисли на интелегентен живот. Дури и едноклеточни организми би ја измениле човечката перцепција за уникатноста на животот на земјата. Но, сè уште постојат многу неодговорени прашања за чудната планета. Масата на новата планета е околу три пати поголема од онаа на Земјата, таа има малку поголем дијаметар и се наоѓа многу поблиску до ѕвездата – 22530816 километри споредени со нашите 149597870,7 километри. Толку е блиску до нејзината ѕвезда што една година трае околу 37 наши денови. Планетата не ротира многу, што значи дека едната страна е секогаш светла, а другата се наоѓа во вечна темнина.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Температурите се проценуваат од максимум 71 степен, до минимум 31 степен под нулата, но во земјата на постојано изгрејсонце – регионот помеѓу страната свртена кон ѕвездата и темната страна – температурата би била идеална. Сè уште не се знае дали воопшто постои вода на планетата, ни па каква е атмосферата. Но бидејќи условите се идеални за вода во течна состојба, и бидејќи на Земјата секогаш има живот каде што има вода, научниците велат дека шансите да има живот на планетата се 100 проценти.

Планетата кружи околу ѕвезда која се вика Глиесе 581. Се наоѓа на околу 193 билиони километри, што значи дека на вселенски брод би му биле потребни неколку генерации за да стигне до таму. Можеби изгледа многу далеку, но кога ќе се погледне големината на целиот универзум, оваа планета ни е прв сосед. Поради тоа што се наоѓа толку блиску и бидејќи астрономите ја најдоа толку рано во нивната потрага по планети кои поддржуваат живот, научниците велат дека планети како Земјата воопшто не се ретки. Според првичните претпоставки, некои астрономи веруваат дека дури е можно и една од пет до десет ѕвезди во универзумот да има планета со големина слична на Земјата која се наоѓа во идеалната зона. Се претпоставува дека во универзумот има околу 200 милијарди ѕвезди, што би значело дека има околу 40 милијарди планети кои би подржале живот.  [Astronomers discover new earth-like planet]

- Реклама -