Најновото откритие од НАСА можеби е тоа што науката го бара одамна: планета погодна за живот. Новооткриената планета е поголема од Земјата, но нејзината атмосфера и температура укажуваат на поволни услови за живот.
Тим од Универзитетот на Калифорнија и Carnegie Институциата во Вашингтон објавија дека откриле егзопланета (планета надвор од нашиот сончев систем) со маса три пати поголема од Земјата, која орбитрира околу една блиска ѕвезда – на растојание кое е близу во „зоната погодна за населување“.
Ова откривање е резултат на повеќе од една декада истражувања, користејќи ја W. M. Keck опсерваторијата на Хаваи, еден од најголемите оптички телескопи.
Всушност, ова откритие е базирано на 11 годишно истражување на ѕвезда во категоријата на црвено џуџе со име Gliese 581. Со помош на спектометар, можат да се добијат точни мерки за радијалната брзина на ѕвездата (нејзиното движење долж линијата од видикот на Земјата), со кои може да се открие присуство на планети. Гравитацијата на планетите имаат влијание врз брзината на ѕвездата околу која орбитрират и со софистицирани анализи можат да се откријат тие планети, нивните маси и орбити. „Телескопот Keck уште еднаш се покажа како неверојатна алатка за научно истражување“, вели Марио Р. Перез, научник од НАСА.
Истражувачите, спонзорирани од НАСА и од Националната Научна Фондација, ја сместија планетата во област каде што вода во течна состојба би можела да постои на површината на планетата. Ако е потврдено, ова ќе биде планета која е најслична на Земјата и ќе има силен доказ дека, потенцијално, е погодна за живот. За астрономите, „планета погодна за населување“ значи планета која може да одржи живот, а не планета каде што би успеале и луѓето. Животот зависи од многу фактори, но атмосферата и течната вода се едни од најважните.
Трудовите на тимот се објавени во списанието Astrophysical Journal, а онлајн можат да се видат на http://arxiv.org. „Нашите пронајдоци нудат добра основа за потенцијално погодна за живот планета“, вели Стивен Вогт, професор по астрономија и астрофизика во Санта Круз. „Фактот што ја откривме оваа планета толку близу и толку брзо ни укажува дека ваквите планети мора да се многу чести“ Во трудот е објавено дека се откриен две нови планети околу ѕвездата Gliese 581, со што бројот на планети околу таа ѕвезда сега е зголемен на шест – тоа се најмногу откриени планети надвор од нашиот сончев систем. Исто како и во нашиот сончев систем, планетите околу Gliese 581 имаат кружна орбита.
Новата планета има е трипати поголема од Земјата и својата орбита ја завршува за 37 дена. Нејзината маса ни укажува дека најверојатно се работи за карпеста планета со доволна гравитација за да може да има атмосфера.
Ѕвездата Gliese 581 е оддалечена од Земјата цели 20 светлосни години во созвездието Либра и има две планети кои се на работ до зоната погодна за живот, планетата c се наоѓа во жешката страна, додека пак планетата d во ладната страна. Иако некои астрономи велат дека планетата d можеби има услови за живот, со слаба атмосфера и ефект на стаклена градина да ја загрее, другите се скептични. Но, ново откриената планета g се наоѓа токму во средината на зоната погодна за живот. Со едната страна таа е постојано свртена кон ѕвездата и таа страна постојано е светла, додека пак другата страна е оддалечена од ѕвездата и таа е постојано темна. Најпогодно место за живот на планетата би била линијата меѓу сенката и светлото, позната како „терминатор“
[NASA and NSF-Funded Research Finds First Potentially Habitable Exoplanet]