Велат дека Венеција е најромантичниот град на светот. Тесните улички, мирисот на старите куќи, каналите по кои пловат гондоли, катедралите… секој детаљ станува уште толку поромантичен кога го посетувате овој магичен град со вашиот сакан, во топлите пролетни денови.
Кога тргнувате на прошетка по тесните улички во Венеција, едноставно тргнете. Истражувајте го секој агол од градот, уживајте во глетката на куќите кои иако наликуваат една на друга, никогаш не се идентични.
Одејќи по поплочените улици, постојано ќе наидувате на знаци кои ќе ве упатуваат кон централното место, онаму каде што водат сите патишта – катедралата и плоштадот Сан Марко. Но, не брзајте, Венеција треба да се впие во целост.
Сан Марко
Денес, Венеција е една од најпопуларните туристички дестинации во целиот свет. Во рамките на градот, секако, најпозната туристичка атракција е плоштадот Сан Марко, на кој се наоѓа и познатата базилика Сан Марко.
Оваа црква е најпозната од сите во градот и е специфична по византиската архитектура. Плоштадот, заедно со катедралата и Дуждовата палата е едно од најпрометните места во Венеција. Не дозволувајте тоа да ви попречи.
Прошетката низ Венеција не би била комплетна доколку не ги посетите: мостот на воздишките, Кулата, каналот Гранде, мостот Риалто…
Исто така, кога веќе ќе се најдете во овој прекрасен град, не пропуштајте ја можноста да седнете во една од гондолите, со посебната личност во вашиот живот, бидејќи тоа е искуство што не се споредува со ништо друго на светот. Секако, направете и многу фотографии со кои ќе ги овековечите прекрасните спомени.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk