Google официјално поднесе барање за нов патент кој ќе овозможи да го отклучите телефонот правејќи смешни гримаси со лицето.
Ваков сличен патент постоеше и претходно но, тогашната технологија не беше доволно развиена, па телефонот можеше лесно да го отклучи било кој дури и со покажување на слика од вашето лице.
Сега ќе биде овозможено правење на многу посложени гримаси кои ќе биде тешко да се копираат бидејќи се карактеристични само за вас. Звучи интересно.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk