Машкиот пол – нов загрозен вид!

Повеќе...

Машкиот пол, човечки и животински, е во опасност, благодарение на загадувањето кое полека ја уништува еволуцијата, на тој начин што ги оштетува гениталиите и секако можноста за татковство.


masko_zensko_bebe.jpg

Дали машката популација станува загрозен вид? Ова е уште едно прашање во листата на научниците и истражувачите откако е забележано дека сѐ повеќе опаѓа плодноста кај машките и дека сѐ повеќе машки деца се раѓаат со физички недостатоци и пореметувања.
Децата сѐ повеќе се раѓаат со недостатоци на гениталиите и сѐ почесто страдаат од пореметување во учењето, аутизам и Туретов синдром. Од друга страна, пак, зајакнува неплодноста кај машката популација и опаѓа квалитетот на спермата, тврдат научниците.

Најзагрижувачкo од сѐ е пореметената рамнотежа на половите во многу развиени земји – бројот на новородените машки деца во високоразвиените индустриски земји е во пад, а сѐ почеста принова се девојчињата.
Научниците од Универзитетот во Виндзор го проучуваа падот на родени машки деца во близина на Хемиската долина во Канада каде се наоѓаат најголем број петрохемиски електрани во земјата. Резултатите сугерираат дека вината и одговорноста за ваквиот пад е во хемикалиите кои ги произведуваат индустриските електрани.
Од 1984 година статистиката на родени деца покажува драматичен пад во последните 10 години, а особено во периодот од 1998 – 2003. Од 132 бебиња колку што се родени во резерватот во Канада помеѓу 1999 и 2003 година само 46 се машки. Истражувачите забележале дека и бројот на несакани абортуси е во пораст и дека многу деца страдаат од астма.
Иако врската помеѓу загадувачите и човечката репродукција не е цврсто докажана, се повеќе има докази дека односот на половите на новороденчињата се менува заради изложеноста на родителите на одредени хемикалии, диоксин и разни пестициди. Некои од овие хемикалии се наоѓаат дури и во составот на шишињата за бебиња и козметиката, а може да доведат до абортус и низа пореметувања кај машките деца. [Men really are the weaker sex]

- Реклама -