Топ 10 најчудни часовници

7twilight_watchpОвој часовник содржи 46 флуоросцентни плави сафири и креира убава дијамантска силуета на Ајфеловата Кула. Лимитиран е на само 20 парчиња и може да го најдете ексклузивно во продавниците на Елисејските полиња во Париз.



10. Линукс часовник
10oled_watch
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Развиен од IBM и eMagin, овој часовник е пред своето време. Тој содржи именик, календар, може да прегледува слики и има дисплеј од 640×480 VGA.

 
9. ТВ часовник
9tv_watch
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Досадно ви е? Само вклучете го овој часовник и гледајте телевизија. Со екранот од 1.5 инчи можете да гледате и до 1 час од вашите омилени ТВ програми. Тежи само 45 грама.

 
8. Часовник што зборува јапонски
8talking_japanese_watches
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Овој чуден часовник не само што кажува точно време, туку истовремено ве учи и јапонски. Со притискањето на копчето, вградениот звучник го кажува точното време на јапонски.

 
7. Луис Витон самрак-часовник
7twilight_watch
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Овој часовник содржи 46 флуоросцентни плави сафири и креира убава дијамантска силуета на Ајфеловата Кула. Лимитиран е на само 20 парчиња и може да го најдете ексклузивно во продавниците на Елисејските полиња во Париз.

 
6. Часовник со Морзеова азбука
6morsecodewatch
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Овој часовник има вграден звучник кој го одбива звукот од вашата рака и го кажува времето во Морзеовиот код. Плус, може да го прикажува времето во морзеов код и преку ЛЕД диодите.


 
 
5. Hitachi AirSense часовник
5hitachi_airsense
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Секој кој сака да ја измери влажноста, притисокот или пак вибрациите во една соба, може да смета на часовникот на Хитачи. Ова е всушност портабилен атмосферски монитор за вашиот зглоб. Тој може да пренесува податоци и до безжичен ресивер.

 
4. Обратен часовник
4backside_watch
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Овој интересен дизајн од компанијата Open Concepts е наменет да се носи обратно.

 
3. Хај-тек армиски часовник
3rambo_watch
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Видео комуникација преку 3 инчен LCD дисплеј кој пренесува слики од хеликоптер. Ова им дава на војниците можност да ја видат висинската слика на теренот со 30 фрејма во секунда. За $50.000 ќе може да имате ресивер, трансмитер и батерија.

 
 
2. Телефон/Камера часовник
2camera_watch_phone
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Telson TWC 1150 е првиот часовник во светот со телефон и камера. Во неговите опции може да најдете безжични слушалки, LCD, инфраред, секретарка, штоперка и планер.

 

1. Тајмфлекс
1time_flex
 
 
 
 
 
 
 
 

Сакате да го имате времето на рака во секој момент, но не ви се допаѓаат гломазните часовници? Тајмфлекс е часовник кој се лепи за вашата облека и може да се навитка како хартија кога не е во употреба. Базиран на ултра лесната слим технологија, може да го контролирате преку тачскрин менито. Напојуван е од ултра мала батерија која е невидлива за човечкото око.

- Реклама -