Дом од соништата за скејтери (видео)

куќаДали некогаш сте посакале да се забавувате низ вашиот дом со скејтборд? Основачот на производителот на обувки Etnies и поранешен професионален скејтер, Пјер-Андре Сенизерге, го претворил сонот на секој тинејџер во реалност со неговата ‘PAS’ куќа, рај целосно дизајниран за скејтбординг.

куќаКуќата со површина од 204 метри квадратни во моментов се гради во Малибу, Калифорнија, но оние кои не можат да чекаат можат да отидат до Париз каде што помал прототип е изложен во La Gaîté Lyrique до 7 август. Додека некои луѓе со нетрпение чекаат да видат како би изгледал нивниот потенцијален иден дом, други размислуваат со постудени глави.
куќаКоментирајќи на приказната еден скејтбордер напишал: Ова е една од оние работи кои звучат кул како концепт но дефинтивно не е кул кога е девет наутро, имаш мамурлак, а некој од другарите кој преспал кај тебе вежба со скејтбордот на ѕидот помеѓу дневната и твојата спална соба. Предвидувам дека оваа куќа ќе биде кул точно една година, после тоа или ќе си најде жена и ќе ја продаде куќата или ќе му здосади и ќе купи друга куќа за живеење а оваа ќе ја чува само за забави.“
куќа{vimeo}25779239{/vimeo}

- Реклама -