Оваа вест дојде од Miles Jacobson, кој исто така потврди дека Football Manager 2014 ќе се игра и на Linux.
„Пресреќен сум да ве известам дека FM2013 само што стана најпродаваната игра од сериалот на Football Manager наслови. Ви благодарам многу за вашата подршка,“- напиша на Twitter, Miles Jacobson директор во Sports Interactive, студиото кое ја прави играта.
Тој додаде дека нема да има нови детали за наредното издание, Football Manager 2014 во брзо време, само потврди дека FM2014 ќе биде достапна за Linux и дека играчите од сите платформи (Windows, Mac и Linux) ќе можат да се натпреваруваат меѓусебно.
Football Manager 2013 е достапна од ноември 2012, а Sega во мај изјави дека играта е продадена во 940,000 примероци.
Текстот е објавен во соработка со МкКод