Најубавата палата во Лос Анџелес

 

Во Лос Анџелес има блескави домови и е многу тешко да се утврди кој е најубав.

Сепак агентот  Маурисио Умански од The ​​Agency сепак има фаворит. Тој видел премногу куќи, а воедно негова била  понудата за последниот дом на Мајкл Џексон, како и продажбата на  зградата на Лиса Вандерпемп за 34,5 млн. долари.

Неговата импресивност од  зградата Marmont Manor, зборува премногу.

„Тоа е најкул куќа, во која сум бил!”, вели тој.

Имотот е ставен на продажба по цена од  24.5 милиони долари, а се  наоѓа на парцела од 3 хектари, што  е реткост во Холивуд.

Куќата е сопственост на наследниците на Вилијам Тили, CEO на компанијата Jacmar.

Во неа  се вклучуваат вкупно 7 згради. Главната куќа е изградена во 1930 година. Има базен со ресторан и бар, вклучувајќи суши бар и куќа за птици. Имотот дури си има сопствена пожарна, која е официјално регистрирана како таква од страна на властите во Лос Анџелес.

Можете да шетате по патеките околу куќата и крај езерото, во која пливаат лебеди.

Тили бил колекционер и има гаража за 8 автомобили, меѓу кои и  стари модели на Ferrari.

Погледнете  неколку прекрасни фотофрафии:

m1(9) m2(10) m3(10) m4(10) m5(8) m6(6) m7(5) m8(5) m9(3) m10(2) m11(1) m12(1) m13(1) m14(1) m15(1)

- Реклама -