Замислете да можете сета ваша канцелариска работа, вежбањето, гледањето филмови, играњето игри и учењето да ги правите во сферична земја на слики и звуци. Тоа е целта на проектот Immersive Cocoon, дело на дизајнерот Тино Шаедлер и компанијата за дизајн и рекламирање NAU.
Immersive Cocoon на ваше располагање остава простор исполнет со жабри кои кријат напредна технологија. Камери и под кои регистрираат движење, 3D звук, внатрешен диспелј од 360 степени па дури и климатицазија. Крајниот резултат е голема топка која ќе го содржи она што ќе го посакате, без разлика дали е филм, игра, работа или конференција со луѓе во други топки или интерактивни образовни материјали.
Ако Immersive Cocoon биде направен, дизајнерите го замислуваат како нешто што ќе биде изнајмувано на јавни места како аеродроми, трговски центри или купено од страна на големи корпорации за работа. [‘Immersive Cocoon,’ your glorious, personal 360-degree theater]