По подоброто изведување на пенали, Тетекс ја победи Шкендија и дојде до својата втора титула во Купот на Македонија.
Тетекс го доби градското дерби во Купот на Македонија откако беше подобар од Шкендија во изведувањето на пенали.
Поради националистичкото навивање на фановите на двата тима, финалниот натпревар во средата не го доживеа својот крај, па пред празни трибини фудбалерите на Тетекс и Шкендија ја водеа битката за пехарот од Купот.
Шкендија започна добро, во 15. дојде во водство со голот на Ејупи по асистенција од Положани.
Но само десет минути подоцна, Шкендија остана со фудбалер помалку откако голманот Велии заработи директен црвен картон поради играње со рака надвор од својот шеснаесетник.
Тетекс ја искористи предноста од фудбалер повеќе и во 68. минута преку Мицевски успеа да го изедначи резултатот.
Регуларните 90 минути завршија без победник 1-1, така беше и во дополнителните продолженија од по 15 минути.
Во пенал рулетот Тетекс беше поуспешен, победи со 6-5, Ејупи и Бериша не реализираа за Шкендија, Деспотовски не успеа да погоди за Тетекс.
На крајот фудбалерите на Шкендија заслужено се радуваа на вториот куп трофеј, тие ќе бидат првиот македонски второлигаш кој ќе ја претставува Македонија во европските натпреварувања.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал