10 интересни факти за Виена

Главниот град на Австрија и еден од најромантичните градови во Европа е убедливо најубав на пролет.  Но, пред да отпатувате за Виена, дали сте сигурни дека знаете сѐ за овој магичен град?

1. Виена е најголемиот и главен град на Австрија. Градот изграден на бреговите на реката Дунав, исто така сам по себе претставува една од деветте федерални држави на австриската федерација.

2. Градот е поделен на 23 области. Центарот на Виена е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство.

Wien_-_Donauuferautobahn

3. Виена е прочуена како град на музиката. Во Виена се наоѓа една од најдобрите концертни сали во светот, која има одлични акустички карактеристики.

4. Цела плејада славни композитори, вклучувајќи ги: Моцарт, Бетовен, Штраус, Шуберт и Брамс; живееле и ги изведувале своите ремек-дела во Виена.

1600_Schloss_Belvedere_Wien_klein-1500x990

5. Најстарата зоолошка градина во светот се наоѓа во Виена.

6. Најголемиот смарагд во светот, кој има зачудувачки 2.860 карати, се чува во Империјалниот трезор во Виена.

7. Вторите најголеми гробишта во Европа се наоѓаат во Виена, со површина од 2,5 квадратни километри. Во овие гробишта има и повеќе од 2,5 милиони гробници, што е речиси двапати повеќе од населението во градот. Таму се погребани повеќе славни уметници, како што се: Бетовен, Брамс, Глук, Шуберт, Штраус итн.

Central Vienna With Pestsaule

8. Највисокиот водопад во Европа се наоѓа многу блиску до Виена. Таму водата паѓа од височина од 380 метри.

9. Секој четврти човек во Австрија живее во главниот град, Виена. Денес таму живеат речиси 1,75 милиони луѓе.

Vienna

10. Германскиот јазик е официјален јазик во Австрија и го зборуваат околу 98% од сите жители. Во оваа европска држава се признаени и неколку малцински јазици: словенечки, хрватски, српски, турски, унгарски, словачки итн. Речиси сите жители на Австрија зборуваат и англиски јазик, што навистина го олеснува животот на туристите.

wien-vienne2006-big

Текстот е објавен во соработка со Iguana.com

- Реклама -